Мицкоски денес во Кисела Вода, ќе биде пуштен во употреба затворен базен

2513

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присустува на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Како што се наведува во владиното соопштение, базенот е еден од петте кои беа почнати од поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.

-По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, соопшти владината прес-служба.

Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВо десет градови бесплатен и анонимен скрининг по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот
Следна вестЌе се реконструира Мултифункционалниот центар во населбата Ново Лисиче