Мицкоски: Добивме нови документи и сознанија за случајот Онкологија

Добивме нови документи и сознанија за случајот Онкологија, ги испитуваме, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во општина Лозово одговарајќи на новинарско прашање. Тој истакна дека случајот Онкологија е еден грозоморен настан кој е коментиран веќе подолго време, а работата на собраниската Комисија на површина има изнесено катаклизмични и шокантни информации.

– Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва, документи и таков еден случај документиран прилично темелно и јасно добивме пред неколку дена и го истражуваме и анализираме кој се однесува за сега, а не за минатото. Бидејќи анкетната комисија го опфаќа периодот до 2020-та година, јас зборувам за сега, за 2023-та година, рече Мицкоски.

Претходна вестДве лица ќе добијат пријави за незаконска наплата на паркинг кај поликлиниката Бит Пазар
Следна вестТешко повредени четири лица во сообраќајка