Мицкоски е во Брисел, на Самит за проширувањето на ЕУ

15

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што наведува Еуроњуз, „револуционерни разговори за иднината на европската интеграција“.

Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ и на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОд денес сум невработен, барам работа само во приватни компании, кажа Хаќим Рамадани
Следна вестПочина Младен Жижовиќ – фудбалер, тренер и човек кој остави трага во целиот регион