Мицкоски: Мислам дека ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој парламент

Очекување дека 2023 година ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат македонскиот парламент изрази денеска Христијан Мицкоски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. При денешната посета на скопската општина Кисела Вода тој рече дека добива информации за се поголемо незадоволство во пратеничкит егрупи на СДСМ и на ДУИ.

-Неодговорно е повеќе оваа влада да продолжи да функционира и сѐ погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите кои што ја подржуваат оваа влада. Тука пред сѐ мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник кои што ќе го распуштат овој Парламент, ќе одиме на предвремени парламентарни избори и потоа ќе дојде една влада која што ќе биде избрана од народот, народна влада, а не избрана во еден тесен круг на луѓе и премиер избран во тесен круг на луѓе, која што ќе работи за интересите на народот и државата, а не заличните интереси или партиските интереси, рече Мицкоски.

Тој додаде и дека доколку власта верува во тоа што го зборува дека добро работат и дека се успешни, истото треба да се провери на избори, па народот да го каже своето.

-Охрабрен од овие сигнали, мислам дека имаме голема шанса оваа година, тие два датума 14-ти или 21 мај да бидат изборни датуми и да видиме. На крајот од денот ако навистина верува во тоа што го зборува владата на ДУИ и СДСМ дека добро работат дека се навистина успешни ќе можеме да го провериме тоа на избори, народот да си каже, народот е суверен на оваа држава, а не функционерите на ДУИ поддржани од СДСМ, потенцираше Мицкоски.

Претходна вестМлада девојка тешко повредена, со автомобил удрила во банкина
Следна вестОтворена новата градинка во Усје, ќе згрижува 100-тина деца