Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме

Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме, порача лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ на платото пред Владата.

Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“.

-Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да и стават крај на Македонија, ова нема да им го заборави македонскиот народ, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тука нема политика и дека има само една партија а тоа е Македонија.

-Тука се луѓе од сите политички партии, но и оние кои што се неопределени, а кои што изминатото деноноќие дадода голем отпор и на социјалните медиуми јавно, но и во друштво со своите сомисленици, додаде тој.

Претходна вестПочината мигрантка пронајдена со уште тројца мигранти во с. Богородица
Следна вестПротестирам за да не бидам избркан од Македонија