Денеска од Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави можност за предвремени парламентарни избори.
Тој изјави дека по очекуваната победа на неговата партија на локалните избори, можни се две варијанти на дејствување.
„Очекувам по локалните избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме – ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политичким интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки,“ рече Мицкоски.



