Мицкоски се сретна со британскиот крал Чарлс III

14

Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Височество, Кралот Чарлс III, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација е во работна посета на Обединетото Кралство.

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, се вели во Фејсбук објавата на премиерот Мицкоски.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски посочи дека има повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПет лица повредени во сообраќајна незгода во штипско
Следна вестВучиќ: парламентарните избори догодина ќе бидат најважните во модерната историја на Србија