Во Македонија се случи опозициски пратеник да биде осуден за изречен став на собраниската говорница. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека судија што ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој се чувствува дека бил навреден. Инаку, осуден е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
-Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу едноставна работата, неговиот колега, кој се чувствува дека бил навреден, е добар судија со судијата што ја изрекува оваа казн,а претпоставувам и тој наредува, овој испорачува без притоа да се води сметка за Уставот, за имунитетот, пресудите во Стразбур од Судот за човекови права и така натаму, рече Мицкоски, пренесува Макфакс.
Претседателот Мицкоски во врска со случајот со пратеникот Петрушевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ оваа работа ќе ја истера до крај, односно сѐ додека овој судија не биде разрешен.
-Како ВМРО-ДПМНЕ, овој процес ќе го истераме до крај сѐ додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако тој носи ваква нестручна, антиуставна и антимеѓународно правна пресуда, тогаш можете да замислете уште колку нарачки може да добие по нечија наредба и колку нарачки може тој да досуди, додаде Мицкоски.