Темен режим Режим на светлина

Мицкоски смирува дека Македонија има доволно гориво, иако потрошувачката е зголемена

Мицкоски смирува дека Македонија има доволно гориво, иако потрошувачката е зголемена Мицкоски смирува дека Македонија има доволно гориво, иако потрошувачката е зголемена

Снабдувањето со гориво во Македонија останува стабилно иако состојбата е предизвикувачка поради кризата на светските пазари и растот на цените, уверува премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека засега нема никакви стравувања за недостиг.

„Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, зголемен е конзумот од некаде милион ипол литри на дена, некаде на 2 милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката 18 на 10 проценти ДДВ се со цел да го заштитиме стандарот на граѓаните и бизнисите, се разбира,“ нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека она што сега е цел на Владата, Македонија да бидеме фактор на стабилност и тоа го прават.
„Онаа Македонија што коленичеше и молеше, верувале или не, повеќе не постои сега“, категоричен е премиерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Маџид Хадеми, главниот разузнувач на Иранската револуционерна гарда убиен во американско-израелските напади

Маџид Хадеми, главниот разузнувач на Иранската револуционерна гарда убиен во американско-израелските напади

Следна објава
Од либијски брод исчезнале 71 мигрант во Средоземното море, 32 се спасени

Од либијски брод исчезнале 71 мигрант во Средоземното море, 32 се спасени