Првиот човек на македонската влада смета дека денешните протести и синдикалното блокирање на Собранието имаат политичка заднина. Мицкоски истакна дека Владата ги исполнила своите обврски како најголем рабоитодавач со тоа што постигнала договор со Синдикатот на УПОЗ и со Синдикатот на администрацијата.
– Ние кажавме дека ќе го поддржиме секое решение што ќе го постигнат работодавачите и Синдикатот. Но политички инструирани самоводачи нема да поддржиме, посочи премиерот.
За потсетување, пред некој ден беше договорено зголемување на платите на околу 11 000 административци од речиси 40 отсто до 2028 година.


