Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Минхенската конференција рече дека промената на името не бил единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава, туку и промената на знамето.
Нашата држава има целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и дека сме меѓу петте земји најголеми донатори на Украина по глава на жител, рече премиерот на панел дискусијата.
Повтори дека кога станува збор за членството во ЕУ постојат двојни аршини за земјите кандидати.