Трагедијата во Кочани прва во фокусот денеска на седницата за пратенички прашања.
Откако опозицијата обвини дека се води селективна правда за истрагата во Кочани и не се апсат актуелни фукционери, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека ако јавниот обвинител одлучи дека треба него да го приведат, нека го приведат, потенцираше дека обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани, а не владата, и дека обвинителството кажува кој ќе биде опфатен со неа.
– После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, дека не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во министерството за внатрешни работи, државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност. – Митко Трајчулески пратеник на СДСМ.
– Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас, не владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат. Седум години не затворавте, не приведувавте и до ден денеска ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше. Издржавме и затвор е за мажи, а во нашиот случај и за жени. 68 лица досега се опфатени во истрагата од страна на јавниот обвинител, обвинителството и сите кои се задолжени за ова. За разлика од модуларната болница, Ласкарци , Беса Транс каде починаа 75 наши сограѓани имаше нула. Овде има 68 лица, дали ќе бидат 168 ќе каже обвинителството, не јас, не министерот за внатрешни работи, туку обвинителството заедно со судот одредуваат. – Христијан Мицкоски претседател на Влада.
На седницата се постави прашање до министерот за култура Зоран Љутков кое се однесуваше на неисплатените плати, непочитувањето на колективниот договор за исплата на платите на културните работници. Љутокв одговори дека не може да исплати нова плата без поддршка од Министерството за финансии.
– Кажавте дека сте биле член на СКРМ во време на потпишувањето на колективниот договор, и јас очекувамМ бидејќи вие секогаш сакате правда и исправување на криминал дека, ако нешто било незаконско во тој колективен договор, требало да реагирате и да укажете, како што денес тврдите. Сакам да знам дали и зошто сега го напаѓате колективниот договор. Дали планирате да го промените членот 65 од истиот колективен договор? – Бисера Костадиновска-Стојчевска пратеник на СДСМ.
-Никогаш не сум рекол дека овој колективен договр е незаконски, туку дека нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпшал министер кој појма немал што потпишува и не знаел какви штети ќе направи. Кога немате поддршка од Министерството за финансии, тоа значи дека средствата треба да се обезбедуваат од сопствениот буџет. Министерството за финансии ќе ве одбие, па ќе треба да се направи ребаланс во самото министерство за култура, затоа што 90 отсто од парите ќе одат за плати а само 10 отсто за програми. Нема правење на посебни решенија, јас бев во Македонија, не бегам од проблемите и ги решававме платите. Не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно направивме пресметка која што е достоја и законска. – Зоран Љутков министер за култура.
На седницата за пратенички прашања Мицкокски ја информираше јавноста за како што кажа т.н. подрум, односно приземје. надополнувајќи ја информацијата за имотот на партијата Левица која ја обзнани на претходната седница за пратенички прашања. Тој на говорницата покажа и фотографии од објектот и посочи дека во истиот тој локал е регистрирано и друштво за угостителство и услуги.
Најави и дека лично ќе го брани законот за правична застапеност во Собранието, информирајки дека е готов, но треба да се усогласи и со Уставот. На критиките и прашањата како до подобар животен стандард за граѓаните? Мицкоски најави дека платите ќе растат, но и дека ќе има инвестициски бран од шест милијарди евра, изградба на клинички центри и болници, пруги и ски центри.