Мигрант прободен со нож во кумановско, починал во болница

Мигрант бил прободен со нож утрово во Куманово. Тој бил пренесен во болница каде што и починал.

– Денеска во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на село Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починал. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКого ќе послуша Ковачевски – амбасадорите или македонските граѓани?
Следна вестГодинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација