Темен режим Режим на светлина

Мигранти од Бангладеш и Пакистан пронајдени во возило на патот Демир Капија – Неготино

Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута? Ни претстои ли нова бегалска криза од Блискиот Исток, се активира ли повторно Балканската рута?

Осум мигранти од Бангладеш и Пакистан биле пронајдени во автомобил на патот Демир Капија – Неготино, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера во 16,10 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот избегал.

Во возилото пронајдени биле осум мигранти, седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Утре изменет сообраќaен режим во Скопје поради протест

Следна објава

Сончево и многу топло со температури до 38 степени