Милан Ристовски е првиот македонски фудбалер кој направи трансфер во Новата година

Македонскиот репрезентативец напаѓач, Милан Ристовски, во првиот ден до 2024 година го промени клубот. Ристовски и официјално е фудбалер на Бохемијанс Прага.

Тој во чешкиот тим се сели од словачкиот шампионат каде во изминатите две ипол години го носеше дресот на Спартак Трнава. За тој период, Ристовски одигра 113 натпревар за словачкиот тим и постигна 17 гола во шампионатот и уште пет во Купот.

– Репрезентативецот на Македонија, Милан Ристовски е нов фудбалер на Бохемијанс. Тој доаѓа од Спартак Трнава, објави чешкиот тим.

Милан Ристовски во кариерата има настапувано и за Работнички, Нитра, Кршко и Ријека.

Претходна вестХаос во Берлин на новогодишната ноќ: 18-годишник прободен со нож, уапсени се над 300 демонстранти поради напад со петарди и огномети
Следна вестНемири и бунтови во Франција на новогодишната ноќ, уапсени 400 луѓе