Во ред е да се бара статус кандидат за членство на Украина во ЕУ, но претходно мора да се донесе одлука Македонија и Албанија да ги отворат преговорите за членството, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Тој објасни дека бил повикан да потпише заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да и се даде статус кандидат за членство во ЕУ но за тоа имал едне услов.
-Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки се уште го немаат признаено. Барав исто така да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина, рече Милановиќ.