Се отвора градското кино Милениум, па од вечерва граѓаните можат да се вратат во кино столчињата на салата.
„Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“, се филмовите на репертоарот во периодот што следи.
Цената на билетите е 150 денари и се купуваат на билетарата на Милениум.