Милевски: Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од било кој друг

Вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра пријателскиот натпревар помеѓу македонската фудбалска репрезентација и Фарските Острови. Своите очекувања за престојниот натпревар ги изнесе и селекторот Благоја Милевски кој меѓу другото истакна дека овој натпревар не смее да биде поразличен од било кој друг.

– Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од кој било друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Не се во комбинација Димитриевски, Зајков и Муслиу, но сите други се подготвени и во комбинација за настап против Фарски Острови“, изјави Милевски на пресконференцијата.

Тој посочи дека Фарските Острови поседуваат квалитет во своите редови.

– На последните осум натпревари противникот има само еден пораз, ја победија Турција и тоа доволно зборува дека денес нема слаби селекции. Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари, рече Милевски.

Натпреварот помеѓу Фарските Острови и Македонија ќе се игра вечерва на арената „Тодор Проески“ со почеток од 18 часот.

 

 

Претходна вестЛевица: На реката Пчиња со експлоатација на песок се случува катастрофа
Следна вестЛajка ќе заловува бездомни кучиња во Центар