Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП „Комунална хигиена” собрале приближно 11.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети биле и над 2.500 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад било подигнато во општината Центар.
Еко-патролата при скопското комунално претпријатие во февруари изготви вкупно 100 записници и казни за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најмногу, повеќе од половина се во Чаир.


