Темен режим Режим на светлина

Министерот за одбрана на БиХ не дозволува српски хеликоптери да гасат пожари во Република Српска

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека нема да одобри употреба на хеликоптери на српската полиција за гасење пожари на територијата на БиХ, бидејќи тоа успешно можат да го извршат хеликоптери на оружените сили на БиХ.

-Властите и институциите на Република Српска и понатаму инсистираат хеликоптери на министерството за внатрешни работи на Србија да гасат пожари на територијата на БиХ. Најискрено, се чудам на ова инсистирање полоши хеликоптери од соседна држава да гасат пожар на територијата на БиХ, а притоа не ги сакаат подобрите хеликоптери на оружените сили на сопствената земја, порача Хелез на Фејсбук.

Според него, таквото постапување е преседан и веројатно единствен случај во светот.

-Очигледно е дека интересот на властите на РС не е само да го изгасат пожарот, туку ја злоупотребуваат несреќата за да ги омаловажат и девалвираат институциите на државата БиХ, оцени Хелез.

Тој ги повика властите на РС да престанат со игрите и да почнат процедура за употреба на ресурсите на оружените сили на БиХ, сопствената земја, за гасење на пожарите.

Претходно новинската агенција Срна објави дека потпретседавачот на Советот за министри на БиХ Сташа Кошарац побарал без одложување да се одобри ангажман на хеликоптери на српската полиција кои би помогнале во гасењето на можните пожари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јанушев објасни: Пријавениот подарок од 325.000 евра е добиен од моите родители

Следна објава

Мицкоски: Со заемот до Унгарија заштедивме 100 и кусур милиони евра