Темен режим Режим на светлина

Министерот за земјоделство што не ја ферма Антикорупциска – се бара мерка против него

„За мој личен бизнис одлучувам јас и не може да одлучува ДКСК и сум подготвен за каква било постапка да дадам одговорност“.

Оваа изјава на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа предизвика реакција кај Антикорупциската комисија, која денеска оцени дека тој го прекршил Кодексот за однесување на членовите на Владата, односно принципот на владеење на правото, на взаемно почитување и заштита на угледот на Владата и институциите, на одговорност и принципот за одбегнување на судирот на јавната и приватните интереси.

Комисијата ќе побара мерки против министерот Хоџа од телото кое е надлежно за следење на етичкиот кодекс на Владата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковид-19 во 24 часа: 35 нови примени на болничко лекување во Скопје

Следна објава

Ако патувате со автобус кој минува по „Александар Македонски“: Променети траси поради денешниот протест