Темен режим Режим на светлина

Миодраг Давидовиќ – Дака и денеска тема на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Миодраг Давидовиќ – Дака и денеска тема на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Миодраг Давидовиќ – Дака и денеска тема на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска ја отворија темата за врските на едната или другата партија со Миодраг Давидовиќ – Дака.

Нјапрвин, владејачката партија обвини дека СДСМ и ДУИ, веднаш по формирањето на владата во 2020 година, извршиле измена на деталниот урбанистички план во Тетово со цел, како што тврдат, да овозможат реализација на градежен проект вреден околу 200 милиони евра.

Според партијата, измените се однесувале на просторот на поранешниот ШИК „Јелак“, кој, како што наведуваат, бил доделен на фирмата „Јелак Градба“, поврзана со бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака, за изградба на над 2.000 станбени единици.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ваквите одлуки биле донесени поради бизнис интереси и можни лични придобивки, алудирајќи и на претходно објавени наводи за финансиски трансакции, за кои, како што велат, никогаш не била спроведена истрага.

„Сето ова е овозможено на бизнисмен кој се наоѓа на црната листа на САД, со цел да се реализираат милионски зделки и да се извлече профит од изградбата“, наведуваат од партијата.

Покасно, одговорот стигна и од СДСМ. Од опозициската партија обвинија дека случајот со бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака „целосно ја разоткрил вистината“ за, како што велат, бизнис релациите меѓу власта и приватни интереси во енергетскиот сектор.

Од партијата тврдат дека претставници на власта, вклучително и Александар Николоски, јавно признале дека „сите услови се исполнети“, што, според нив, било образложение фирмата на Дака да биде ставена во годишниот план за енергетика.

„Како е можно фирма на лице кое е на црната листа на САД да ги исполнува сите услови за работа со државата?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека станува збор за „сериозен скандал“.

Партијата тврди дека зад одлуката стојат, како што велат, „бизнис мрежи и интереси“ поврзани со премиерот Христијан Мицкоски, особено во енергетскиот сектор.

Во соопштението се посочува и улогата на Сања Божиновска, за која СДСМ тврди дека била „главен оперативец во енергетиката“ и дека токму таа ја внела фирмата на Дака во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

„Станува збор за сериозни индиции за организирана корупција на највисоко ниво – вистинска организирана криминална група која ја злоупотребува државата за приватни интереси“, велат од СДСМ.

И двете партии јавно го повикаа Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот, оценувајќи дека постојат сериозни индиции за криминал и корупција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа

Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа

Следна објава
Николоски очекува првата траса од Градскиот воз да биде во функција на 1 септември

Првата траса од Градскиот воз да биде во функција на 1 септември