Миовски стартер, Џирона се спаси од пораз во каталонското дерби

Еспањол и Џирона ги поделија бодовите во малото каталонско дерби кое вечерва се одигра во рамките на 27. коло во шпанската Примера.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер на овој меч и беше активен до 69 минута кога неговото место го зазема ветеранот Стуани, играч кој на крајот го постигна голот за гостите за конечни 1-1.

Имено домаќините го отворија резултатот во 49 минута преку Хофре и оваа предност ја имаа се до завршницата, 88 минута кога беше досудена најстрога казна која ја искористи Стуани реализирајќи го ударот од 11 метри.

Со вкупно 33 бода Џирона е на 13 место, Еспањол е 15. со 28 поени.

Претходна вестСрпската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС
Следна вестНеколку скопски општини денеска без струја