Темно Режим Светло Режим

Мисајловски со колегите од Алијансата на состанок во седиштето на НАТО

Мисајловски со колегите од Алијансата на состанок во седиштето на НАТО Мисајловски со колегите од Алијансата на состанок во седиштето на НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Мисајловски заедно со останатите министри од сојузничките земји ќе разговара за повеќе клучни прашања. На агендата се инвестициите во одбраната во согласност со последните одлуки донесени на Самитот во Хаг, исполнувањето на целите за развој на способности, јакнењето на одбранбените капацитети, како и придонесот на земјите во мисиите и операциите предводени од НАТО.

Дополнително, ќе се дискутира и за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Алијансата.

Претходниот Пост
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Следниот Пост
ССМ со блокада на Собранието поради минималната плата

По Собранието, синдикатите денеска ја блокираат Комората