Мисијата на астронаутите од SpaceX Crew-5 заврши, Dragon ќе слета утре во Флорида

Специјалистот за мисии Ана Кикина од Роскосмос, Пилотот Џош Касада и командантот Никол Ман и двајцата астронаути на НАСА како и специјалистот за мисии Коичи Ваката од Јапонската агенција за воздушно истражување „JAXA“, по 6 месеци ќе се вратат утре на земјата. НАСА ќе обезбеди пренос за враќањето од мисијата на агенцијата „SpaceX Crew-5“ на Земјата од Меѓународната вселенска станица, почнувајќи 12 часот наутро пред полетувањето за дома па се до пристигнување на земјата, поточна слетувањето во Флорида.

Вселенското летало Dragon наречено Endurance од страна на астронаутите на агенцијата „SpaceX Crew-3“ на своето прво патување, автономно ќе се откачи ќе замине од вселенската станица. Планирано е истото да се спушти во сабота во една од седумте целни зони за слетување во Атлантскиот Океан или Мексиканскиот Залив во близина на брегот на Флорида.

Преносот на НАСА за враќањето на „Crew-5“ по полетувањето, ќе продолжи само со аудио пренос, а целосното покривање ќе продолжи на почетокот на емитувањето на „splashdown“. Аудио преносот во реално време помеѓу „Crew-5“ и контролорите на летот од „Mission Audio“ на НАСА ќе се пренесува постојано во живо, а ќе вклучува и разговори со астронаутите на вселенската станица.

Претходна вестСГИП и Здружение на градежништво: Безобразен е договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Голем дел од пратениците на СДС нема да поддржат промени на Уставот