Митинзите не не спасија од несреќи: 24 сообраќајќи викендов, две лица тешко повредени

Скопјани очигледно не се научија да ги почитуваат сообраќајните правила и култура на возење. Тоа лесно се заклучува по бројките во црниот билтен на МВР за изминатиот викенд.
Иако половина од двата дена, градот беше блокиран заради скопските митинзи на двете најголеми политички партии, сепак сообраќајните несреќи не се редуцираа – напротив. Две лица се тешко повредени само во Скопје, а 9 се полесно – во вкупно 24 сообраќајни несреќи.
Очигледно, и на една проодна улица несреќите не се невозможни.
Инаку, во редовните полициски контроли викендов од сообраќај се исклучени 77 возачи, а „пајакот“ кренал 145 возила.