Митрополитот Јосиф се повлече од функцијата, игуменот Партениј стана викарен епископ

Седум години откако беше поставен за митрополит на Кумановско-осоговска епархија владиката Јосиф се повлече од функцијата. Повлекувањето е направно од „здравствени причини“ . Одлуката на 42-годишниот митрополит е прифатена од страна на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА. За негов наследник е избран игументот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, отец Григориј кој ќе биде епископ Сарандополски до моментот додека да биде интронизиран за Кумановско-осоговски владика.

Синодскиот портпарол митрополит митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј вчера изјави дека одлуката на владиката Јосиф за него била изненадувачка бидејќи не знаел дека тој е во таква здравствена состојба.

Освен ова, Синодот на МПЦ-ОА го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште, а се наоѓал во мариовско. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.