Мицкоски има информации дека Заев ќе потпише договор со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува едностран договор со Бугарја на штета на македонскиот народ потпишан од Влада што е без кредибилитет.

Ова денеска во Прилеп го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Информациите што ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев на заминување е подготвен да потпише нов договор иако нè убедуваше дека ги решил сите прашања со нашите соседи, во кој делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата освоена од бугарскиот парламент. Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е на заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара со секого за сè она што нуди прогрес и иднина и дека нема да прифаќа никакви уцени.

Претходна вестНовогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември – повторно фирмата „Линк Медиа“, но бесплатно
Следна вестОд 18 часот дел од Центар без вода