Мицкоски: Ќе поднесеме и барање со „Северна“ само за да одговараат за пожарот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки денеска изјави дека е подготвен да поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна“, а поради тоа, ако треба, и да претрпи политичка штета, само за да се дознае и утврди вистината за несреќата во Тетово.

-Вистината мора да се знае и виновниците мора да се казнат. Ако власта има сериозна намера и ако вистински сака, анкетна комисија во Собранито може и треба да се свика веднаш, изјави денеска Мицкоски, откако вчера спикерот на Парламентот Талат Џафери го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање анектна комисија за пожарот во тетовската модуларна болница бидејќи не било со уставното име.

-Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност. Ова се локални, а не парламентарни избори. Нема законска необврска да се закаже комисијата. Сосема друго е тоа што спикерот Џафери рече дека веќе нема да закажува седници. Тоа значи дека тој така одлучил, а така одлучил зашто мисли дека на тој начин ќе заштити дел од рејтингот на неговата партија и коалицискиот партнер, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања пред средсбата со раководството на Стопанската комора на северозапдна Македонија.

Мицкоски уште еднаш обвини дека власта го смени Законот за градба и дозволи модуларната болница во Тетово да се постави „на диво“ и дека не се потребни меѓународни истраги, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму“, зашто работата е едноставна. Тој уште еднаш обвини дека на власта тендерите и се поважни од тоа што се случува во здравството.

-Што правиме ние истраги, меѓународни, вакви или такви? Нема никаква потреба за тоа. Одговорноста почнува од првиот во институцијата па надолу, затоа што нема правилник. На диво е направена модуларната болница, на диво е приклучена и на диво е пуштена во употреба и 14 луѓе живи гореа.Владата што направи? Го смени Законот за грдање. На 24 ноември 2020 во Службен весник беа објавени измените со кои се заобиколија сите институции и се формира нова градба – модуларна или монтажна/демонтажна градба и вели за ваквите градби нема потреба од одобрение, туку решение за поставување. Кои документи се потребни како прилог на тоа решение за поставување или ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен министерот за здравство. Го видел ли некој то правилник и што предвидува? , рече Мицкоски

Претходна вестСкопјанка за 20-тина дена извршила шест кражби – се претставувала како медициска сестра и попишувач
Следна вестХирурзите од ГОБ „8-ми Септември“ излегуваат на протест