Мицкоски: Пендаровски брутално ја злоупотреби позицијата, ги замрзнуваме односите со него

Господин Стево Пендаровски брутално ја злоупотребил и приватизирал позицијата претседател на државата сo тоа што денеска му даде мандат за формирање влада, изјави денеска Хистијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ова го кажа по средбата со Пендаровски на која дојде со партиски пратеници за да реагира на нелегалното давање на мандатот на Заев.

-Пендаровски има повеќе изјави во кои кажува дека мандатот ќе му го даде на оној кој ќе го увери дека има поддршка од 61 пратеник, како и дека нема да го даде на лица со афери. Мандатот денеска го дал откако “добил уверување на мандатарот дека ќе работи на создавање на парламентарно мнозинство“. Зошто ова брзање да се додели така мандатот. Можеби пратеникот Мендух Тачи има можност да созададе мнозинство или пратеникот Крмов, потенцира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека заради сето ова тие ги замрзнуваат односите со Пендаровски.

-Институцијата е приватизирана заради лични и партиски потреби. ВМРО-ДПМНЕ од денеска ги замрзнува односите и комуникацијата со господинот Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кои ги води во однос на Кабинетот на претседателот на државата, најави Мицкоски.

Тој не исклучи можност да се одржат нови избори ако не може да се создаде парламентарно мнозинство.

Претходна вестСкопски пожарникари извадија безживотно тело на жена од Пчиња
Следна вестВо понеделник почнува 8-от по ред фестивал на феминистичка култура „Прво па женско“