Мицкоски за иницијаторите за вонреден конгрес: Тоа се купче уценувачи и криминалци

Tие се криминалци кои се соединиле со нив, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, на новинарско прашање за иницијаторите на вонреден конгрес на партијата, кои ги поврзува со бегалецот Сашо Мијалков.

Тој и денеска го повтори ставот дека смета оти тие работат во корист на власта која сака раскол во опозицијата и директно му се обрати на Заев:

-Тоа купче на уценувачи чиј што лидер си ти и кое ти вршеше работа за пресметки во ВМРО-ДПМНЕ, за креирање на вештачки раскол, за наводно слабеење на опозоцијата, а за возврат му даваше поддршка и му ветуваше да не се соочи со правдата, стана сега твој тег на ногата, твој срам и твоја работа. Денес те потонува во калта и тебе и твојата власт и за жал, што е најголема жал и трагедија, ја тоне Македонија, рече Мицкоски.

Претходна вестНе е доволна само оставка од Спасовски, туку од цела Влада, нови избори со локалните, бара Мицкоски
Следна вестПриведени шест лица на скопски аеродром, имале лажни ПЦР-тестови