Мицковски ги знае десетте прашања на кои Филипче нема одговори

СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со други теми избегнувајќи ги одговорите за истрагата за пожарот на модуларната болница во кој закинаа 15 лица, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил ги кажува 10-те прашања на кои премиерот Заев и министерот Филипче немаат одговори.

Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

-Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.