Мизрахи ги остави пратениците без сон, па ја разрешија

Мнозинството пратеници не спиеја синоќа, ама ја разрешија министерката Рашела Мизрахи. Во 03:50 часот утрово собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерката за труд и социјална политика.

Спасовски ова го побара поради, како што рече, прекршување на Уставот и некористење на новото уставно име на државата таблата во Министерството.

– Несериозно е со Уставот да се играат играчки,кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува, истакна Спасовски.

Мизрахи пак порача:

– Никогаш не сум прекршила ни Устав, ни закон. Баба ми била член на партизански одреди за слободата на Република Македонија. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија! Благодарам, истакна таа.