Млад работник тешко повреден во фабрика во Гази Баба

Скопјанец тешко се повредил додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на скопската населба Гази Баба, соопшти МВР.

– Вчера во 10:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со тешки телесни повреди бил донесен Т.М.(22) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачје на Гази Баба – Скопје, соопштија од Минитсерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, увид бил извршен, а за настанот бил известен трудов инспектор.