Млада девојка тешко повредена, со автомобил удрила во банкина

Вчера во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Претходна вестАлбанската полиција спречи шверц на 58 килограми хашиш наменет за Македонија
Следна вестМицкоски: Мислам дека ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој парламент