Млади македонски режисери пријавете се на 11 по ред Balkans Beyond Borders

Традиционалниот меѓународен филмски фестивал Balkans Beyond Borders (BBB) (Балканите зад границите) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11-то по ред издание на фестивалот за кратки филмови.

Фестивалот годинава се организира во Измир, Турција на тема contrUst: it is U who makes the difference, или во превод „контраст: ТИ си тој што ја прави разликата“. Традиционално фестивалот трае 11 години, прв пат се одржа во 2010, а досега домаќини биле Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина, со програма од над 380 Балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија.
Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15 јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на следниот линк: http://www.balkansbeyondborders.eu/wp-content/uploads/2020/03/participation-terms-2020.pdf

Претходна вестУчилиштата се отворија за уписи на првачиња, но некаде и со страв
Следна вестОблаците и сонцето ќе се пресметуваат над скопско, можен е и дожд