Младиот македонски писател Петар Андоновски ја доби Европската награда за литература

Петар Андоновски, младиот македонски писател, е добитник на Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“.

Но во потесниот круг влегоа и други македонски писатели, поточно уште тројца: Давор Стојановски со „Утеха за голите“, Ѓорѓи Крстевски со „Другата страна“ и Михајло Свидерски со „Последните денови на Ханс“. А од сите земји учеснички заедно со него, лауреати се уште 13 европски писатели.

Инаку Петар Андоновски е автор и на делата „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија).