ММДЧП финансира отворање на Македонски културен центар во Пиринска Македонија

Македонското меѓународно движење за човекови права објави дека го финансира отворањето на Македонскиот културен центар Никола Вапцаров во Горна Џумаја (преименуван во „Благоевград“ од страна на Бугарија), Пиринска Македонија.

-Официјалната церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година, информираат од ММДЧП!

Културниот центар ќе биде управуван од Македонското друштво за заштита на основните човекови права, организација која се залага за угнетеното македонско малцинство во Бугарија, а ќе продолжи да се финансира од Македонското меѓународно движење за човекови права.

ММДЧП ги повикува организациите за човекови права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите вистински заинтересирани за заштита на човековите права, да ја осудат системската злоупотреба на правата на Македонците и да присуствуваат на церемонијата на 30 октомври, како набљудувачи и поддржувачи. Дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна.

Претходна вестРечиси секој трет казнет возач во Скопје бил пијан
Следна вестПовреден пешак, дипломатско возило учествуваше во сообраќајка на паркинг