Многу битолчани негодуваа за апсењето на Алабаковски, за дејствувањето на државата околу бугарскиот клуб…

„Слобода за Ламбе“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајов“, „Со фашисти не се преговара“ – беа дел од пораките испишани на транпарентите на синоќешниот протест во Битола со кој се бараше ословодување на притворениот Ламбе Алабаковски. Поголем број на граѓани се одѕва на повикот на „Левица“ за да учествуваат на протестот кој започна пред зградата на битолската полиција, а потоа по улицата „1 мај“ продолжи пред битолскиот суд. Тие побараа ослободување на Алабаковски од притвор за подметнување на пожар на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, изминатиот викенд.

Локалниот претседател на Левица, Горан Велевски во изјава за медиумите побара итно ослободување на Алабаковски.

-Битола е град на херојот Стив Наумов и во овој град нема место за Ванчо Михајлов. Бараме ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски и бараме информација од Централниот регистар дали е правно отворен клубот во Битола кој во моментов претставува провокација за битолчани, истакна Велевски.

Ослободување од притвор очекува и негивиот адвокат Драган Георгиев кој вчера изјави дека на тоа се работи.

-Очекувам и се надевам дека ќе биде ослободен од притвор. Првично одредениот рок од осум дена не значи дека и ќе остане, зашто секогаш постои можност тој да биде и продолжен, а до тоа не сакаме да дојде, рече Георгиев.

Како ќе одлучи судот и како натаму ќе постапува Обвинителството останува да се види. Но, во јавноста се поголеми се реакциите на многу граѓани кои укажуваат дека чинот што го сторил Алабаковски бил и реакција на сето она што не го сториле македонските институции пред и по отворањето на бугарскиот културен клуб именуван по докажан негатор на македонскиот народ и соработник на фашистичките лидери во Втората светска војна.

Претходна вест55 новозаразени од Ковид-19, 431 активен случај
Следна вестПратениците од власта не дојдоа на расправа за трагедиите при пожарот во тетовската болница и при автобуската несреќа во Бугарија