Граѓаните на Македонија вчера на изборите пратија јасна слика на кого му веруваат и кој заслужува да ги води општините и Градoт Скопје. Но, ако се погледне малиот одѕив за гласање, односно дека гласале само нешто над 40 проценти на ниво на државата јасно е дека има многу граѓани кои испратија сосема друга порака.
Апстинентите на социјалните мрежи објаснуваа дека не одат на избори оти се разочарани од партиите и дека премногу низ годините се ветува, а малку се исполнува.
„Бараат од нас заедништво и да гласаме, а си тераат по свое и не ги слушаат нашите потреби. Нема да гласам се додека не видам дека се подобруваат“, е една од многуте реакции.
Од друга страна, речиси 20.000 се оние што гласале всушност позади параванот го поништиле гласачкото ливше. Во првиот изборем круг имаше дури над 53.000 неважечки гласови. Тоа е огромна бројка на оние коишто се појавија на гласачките места, но само за да пречкртаат или напишат некоја порака до партиите.
Во партиските штабови по славењето, треба добро да ги изнализираат и ваквите податоци. Без верба на голем дел од граѓаните во политиката и функционерите нема зголемен напредок на општеството.



