Многу топло време со температури до 40 степени

Времето дене ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ=9

Минималната температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максималната до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

В петок и особено в сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Претходна вестПоследна вечер посветена на Чарли Чаплин во Кинотека
Следна вестИЈЗ: Намален бројот на новозаразени и починати, зголемен бројот на оздравени од ковид-19