Власта не го прифати опозицискиот предлог да се намали акцизата за горивата

Акцизите на течните горива нема да се намалат откако пратениците кои се дел од парламентарното мнозинство денеска гласаа против потребата од носењето на законските промени. Мнозинство на пратеници на денешната собраниска седница го одбија предлогот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со кој требаше да се намалат акцизите но и и ДДВ за храна и за течните горива.

Предлогот за нивно намалување на седницата го образложи Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги повика пратениците да се донесе законот за намалување на акцизи за 50 проценти и ДДВ на 5 отсто.

-Износот на средства кои се планира да се приберат по основ на ДДВ и акцизи според Ребаланост е за речиси 190 милиони евра повеќе отколку за ланската 2021 година. Почитувани, овие 190 милиони евра повеќе ги плаќате поради драстично зголемените цени на основните прехранбени производи и горивата, а власта не размислува да се откаже. ДДВ од 5 проценти на зејтин од 60 и 140 денари не е исто во апсолутен износ. Затоа државата ќе прибере повеќе пари, а вие ќе имате помалку артикли од претходно, укажа тој.

Стојаноски направи и пресметка преку плаќањето на акцизите и на ДДВ за горивата.

-Македонскиот народ мора да знае дека ЕУРОСУПЕР БС 95 го плаќа по 110 денари за литар. По акциза и плаќа на државата 22 денари, а по основ на 18 отсто ДДВ 16.78 денари по литар. За ЕУРОСУПЕР БС 98 го плаќа 112 денари по литар, 22 денари акциза по литар и ДДВ 18 проценти е 17,01 денар по литар гориво. За ЕУРОДИЗЕЛ БС плаќа 102 денари, по акциза 15,5 денари, а ДДВ 18 отсто е 15,56 денари за литар. Со нашиот закон, со овој закон кој што ние го предлагаме кога ќе ги споиме моделите на нашиот предлог закон за акцизи од 50 отсто  и до ДДВ за 5 отсто  веднаш ќе се намали цената за ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 86,3 денари по литар, за ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 88,1 денар по литар гориво, а за ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 82,4 денари. И како ќе стигнеме до тоа? Ако ја намалиме акцизата за 50 отсто , акциза тогаш за ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 11 денари, а по основ на 5 отсто од ДДВ ќе биде 4,1 денар. А, за ЕУРОСУПЕР БС 98 акцизата ако се намали за 50 отсто ќе биде 11 денари, а по основ на 5 отсто од ДДВ ќе биде 4,2 денари по литар. И за ЕУРОДИЗЕЛ БС акцизата ако се намали за 50 отсто ќе биде 7,5 денари, а ДДВ од 5 отсто ќе биде 3,92 денари по литар, појасни Стојаноски.

Претходна вестДобро е: Реконструирани 9.000 квадратни метри пешачки патеки во Градскиот парк
Следна вестДвајца починати и 53 нови случаи на Ковид-19