Темно Режим Светло Режим

МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Поради влошената безбедносна состојба, МНР ги повикува граѓаните да заминат од Мексико Поради влошената безбедносна состојба, МНР ги повикува граѓаните да заминат од Мексико

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Република Северна Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување. По добиената информација, Амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.

На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Република Северна Македонија.

Претходниот Пост

Трипуновски: Откупната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Следниот Пост

Ристовски: МОК побара помош дури неколку месеци пред фестивалот, иако политиката формално нема улога во олимписки настани