МНР го одби барањето на Софија да учествува во уставните промени

125

Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија. Ова е одговорот на македонското МНР по информациите дека шефот на бугарската дипломатија Николај Милков на брифинг со новинарите кажал дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во процесот за впишување на Бугарите во Уставот на Македонија.

-Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков, стои во соопштението на МНР.

Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада, додаваат оттаму.

Милков на брифингот соопштил дека сакаат да бидат консултирани.

-Сега, колку што нам ни е познато, таму веќе се дискутираат некакви варијанти на идните текстови, кои би биле промена во Уставот. Ние би сакале да бидеме дел од тој процес, со цел тоа да се одвива без проблеми. Би сакале да се консултираме по тие прашања, рекол Милков, пренесува БНР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКазнети 114 возачи во Скопје: 37 за брзо возење, деветмина возеле без дозвола…
Следна вестОхриѓанец прво претепан, а потоа и избоден со нож