МНР и МО и одговорија на Захарова: С. Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно

Република Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, се вели во заедничкото соопштение на МНР и МО на РСМ на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Во соопштението се наведува дека Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила.

-Досега Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција. Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации, се додава во заедничкото соопштение.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72.

Претходна вестПостара жена загина откако момче со „ауди“ удри во неа
Следна вестМуареми најави кривични за Русковска, Трајчева и Јосифовска