МНР: Македонската државјанка која загина во сообраќајка кај Солун имала 29 години

136

Македонска државјанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години, информираат од Министерството за надворешни работи.

-На автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот, велат од МНР.

Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија биле во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

-Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани, се наведува во соопштението од МНР.

Генералниот конзулат, како што посочуваат од МНР, останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома

 

Претходна вестМу барале 80.000 евра, па му го запалиле возилото
Следна вестСкопско лето: Концерт на Јана Каевска, Ивона Базгалоска и Ана Трсунова