МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

46

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСе преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани
Следна вестМуртезани: Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата