Македонското Министерството за надворешни работи денеска го потврди протерувањето на тројца руски дипломати од земјава на 12 септември.
-На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (персона нон грата). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението на МНР.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова синоќа во објава на социјалните мрежи наведе дека властите на Северна Македонија, на 12 септември, без објаснување на причините, прогласиле тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“. Захарова го овалификува потег како „непријателски и неодговорен“ и порача дека нема да остане без одговор.