МНТ: Ќе ви ги вратиме парите за билети после 24 март

Македонскиот народен театар соопшти дека на публиката која веќе купила билети за следење на одредени претстави кои сега се откажани заради опасноста од ширење на корона вирусот,парите ќе и бидат вратени после 24 март 2020. Така одлучиле бидејќи и билетарницата каде можат да се подигнат парите ќе биде затворена до 24 март.

-Средствата за купените билети ќе ви бидат рефундирани по 24 – ти март, соопштува МНТ.

Првично театарот им соопшти на граѓаните на која маил адреса да го пратат бројот на нарачката ако ги купиле картите он-лајн, за да им бидат вратени на истиот начин, ама подоцна со вонредно соооштение е одлучено поинаку.