Модернистичка, танцова верзија на „Парадоксот на Диоген“ вечерва во МКЦ

Вечерва, премиерно во Младинскиот културен центар се случува една поинаква изведба на претставата „Парадоксот на Диоген“, со почеток во 20 часот. Режисери се младите Јована Зајкова и Бобан Русески, а претставата е збогатена со танцовиот концепт на групата „X Squared“, како и претставници на Скопскиот танцов театар и училишниот центар „Илија Николовски – Луј“.

Содржински, претставата е преработка на драмата на Томе Арсовски, во која се поставуваат тешки морални прашања за општеството во кое живееме.

Како танчери, покрај Јована и Бобан, се појавуваат уште и Дејан Битровски и Анастасија Данчевска од Скопскиот танцов театар, како и Илина Костовска и Јана Трајковска од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Гласовите во претставата ги позајмуваат Христијан Поп-Симонов и Марија Талеска. Претставата е поддржана од фестивалот „Цело е кога се има 30” и „Театар Чин 4 сцена 5“, Прилеп.

Претходна вестНова закана за бетон на место на дрвја и зеленило во Кисела Вода, предупредува „Зелен хуман град“
Следна вестЕвропските земји сакаат бодликави жици на границите